Лапорта: Нема да давам лажни ветувања, од Меси зависи дали ќе остане во Барса!

Жоан Лапорта откако и официјално беше избран за претседател на Барселона, функција која веќе ја вршеше од 2003 до 2010 година, веднаш по убедливата победа се осврна на темата која најмногу ги интересира сите, останувањето на Лионел Меси во клубот. Со Лапорта на чело, реални се шансите Меси да потпише нов договор, но ништо не е дефинитивно.

„Бев трогнат кога видов дека Меси решил да гласа со син му. Тој го сака овој клуб и сака да остане во Барса. Јохан Кројф ќе го советуваше да остане. Ако Лео сака да си замине, ќе го направи тоа низ предната врата. Не можам да давам лажни ветувања. Од Меси зависи дали ќе остане, а ние треба да му дадеме понуда со која ќе го убедиме дека треба да остане. Парите не се гаранција за титули. Тој сака да ја освои Лигата на шампионите и тоа треба да го направи тука, нема подобро место за него од ова“, изјави Лапорта синоќа околу полноќ, по објавувањето дека добил 54 отсто од гласовите.

- Оглас -

Најнови вести