13.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Лапорта откри во какви односи е со Лео Меси

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, проговори за својот однос со аргентинската ѕвезда и легенда на клубот, Лионел Меси.

„Долго време имавме одлични односи. Кога не го обновивме неговиот договор, работите малку се влошија. Подоцна, повеќе или помалку, ги подобривме. Се надеваме дека ќе му приредиме големо испраќање какво што заслужува“, изјави Лапорта.

Меси ја напушти Барселона во 2021 година и потпиша за ПСЖ. Тој одигра 778 натпревари за каталонскиот клуб, постигнувајќи 672 гола и запишувајќи 303 асистенции. Во 2023 година Аргентинецот се пресели во Интер Мајами.

- Оглас -

Најнови вести