Лапорта подготвува трансфер-бомба само за да го задржи Чави на клупата на Каталонците

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, по изненадувачкиот пораз од 3-5 од Виљареал на домашен терен најави дека на крајот од сезоната си заминува од клупата на Каталонците. Сепак, легендарниот Каталонец добива поддршка од сите страни, од играчите, навивачите, но и од раководството, да се премисли и да остане на клупата на Барселона.

Во тие обиди се обединети сите, претседателот Лапорта, па потпретседателот Јусте и спортскиот директор Деко. Шпанските медиуми пренесуваат дека Жоан Лапорта дури и му ветил на Чави Ернандес дека ќе го ангажира Ерлинг Халанд од Манчестер сити, што според финансиската ситуација во Барселона, звучи како првоаприлска шега. Сепак, Лапорта бил сериозен во своите намери и бара начин како да го изведе овој трансфер со ангажманот на еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.

- Оглас -

Најнови вести