Лапорта потврди: Барселона одбила понуда со која Ламин Јамал би станал најскапиот фудбалер на сите времиња

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека клубот добил понуда од 250 милиони евра за Ламин Јамал, која ја одбиле. Шпанските медиуми додаваат дека понудата дошла од Пари Сен Жермен пред официјалното отворање на летниот трансфер-период оваа година.

„Колку сега би требало да биде вредноста на Јамал, кој исто така го освои Европското првенство и стана еден од најпопуларните играчи во светот?“, праша Лапорта за 17-годишниот талент кој минатата сезона стана стандарден првотимец на Барса и блескаше на Европското првенство придонесувајќи за титулата на Шпанија.

Да ја прифатеше Барселона таа понуда, Ламин Јамал ќе станеше најскапиот фудбалер во историјата, надминувајќи го Нејмар, кој во 2017 година премина во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести