Лапорта предизвика хаос во Европа: Го најави стартот на Суперлигата, а клуботите еден по еден го демантираат

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, вчера помпезно најави дека проектот Европска Суперлига ќе стартува во 2025 година и дека дел од неа покрај заговорниците Реал Мадрид и Барселона ќе играат и Интер, Милан, Наполи, Рома, Олимпик Марсеј, Бенфика, Порто, Спортинг Лисабон, Ајакс, Феенорд, ПСВ Ајндховен, Андерлехт, Бриж и „сите шпански екипи освен Атлетико Мадрид“, но неколу часа подоцна почнаа да пристигнуваат деманти.

Меѓу првите клубови кои го демантираа Лапорта дека ќе бидат дел од Суперлигата беше Рома.

„Рома уште еднаш уверува дека не поддржува никаков проект кој е поврзан со таканаречената Суперлига. Клубот истакнува дека не го променил својот став, ниту дека е во преговори за било каков проект кој не соработува со УЕФА, ФИФА и асоцијацијата на европски клубови“,стои во соопштението на Рома.

Потоа се огласи и актуелниот холандски шампион Феенорд.
„Инсистираме дека не сме се обврзале, ниту сме разговарале за можно формирање на Суперлигата или за учество во неа како што објавија некои медиуми. Постојат сомнежи околу тоа дали оваа иницијатива е добра за екипите и за националните лиги. Преку асоцијацијата на клубовите ќе размислуваме за иднината, за подобрувањето на европскиот фудбал и на засилувањето на позицијата на холандскиот фудбал. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата“, соопшти Феенорд.

Третиот тим кој го демантираше Лапорта е Олимпик Марсеј.
„Нашата позиција е дефинирана во декември и не е променета“, кратко објави францускиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести