Познати 16 екипи кои сакаат да играат во Суперлигата, секој од нив ќе добие по 100 милиони евра!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, настојува што е можно побрзо да стартува проектот наречен Суперлига и ги откри имињата на клубовите кои се подготвени да влезат во неа. Според Лапорта, се работи на тоа Суперлигата да започне веќе следната сезона, а ако тоа не е можно, тогаш најдоцна дебито на ова ново натпреварување ќе започне во сезоната 2025/26.

„Бараме конкуренција и одржливост. Можно е Суперлигата да започне следната сезона, а ако не биде подготвена за тогаш, во план е да започне во сезоната 2025/26. Време е тоа да го направиме. Секој клуб за учество ќе добие 100 милиони евра, а тоа се пари кои не може да ги добие ниту клубот кој ќе ја освои Лигата на шампионите. Дали Англичаните ќе играат во Суперлига? Воопшто не ми е гајле за тоа. Па тие веќе имаат Суперлига во Премиер лигата“, вели Лапорта.

Првиот човек на Барселона вели дека во Суперлигата треба да има 16 или 18 екипи.

„Освен Барселона и Реал Мадрид, тука ќе бидат и Интер, Милан, Наполи и Рома. Потоа Олимпик Марсеј од Франција, португалските Спортинг, Бенфика и Порто. Од Холандија тука се Ајакс, Феенорд и ПСВ Ајндховен, како и белгиските Бриж и Андерлехт. Од англиските екипи сме имале контакт со Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челзи и Тотенхем“, открива Лапорта.

Европскиот суд на 15 декември донесе одлука дека УЕФА и ФИФА немаат право да го забранат формирањето на Суперлигата, која како идеја започна во 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести