5.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Лапорта сонува за Хулијан Алварес, но Србин е прв кандидат за наследник на Левандовски

Договорот на Барселона и Роберт Левандовски истекува на крајот од оваа сезона, а на „Камп ноу“ веќе се подготвуваат за ерата по полскиот напаѓач.

Две имиња се споменуваат како можни наследници на Левандовски, а според шпанските медиуми, Жоан Лапорта сè уште сонува за Хулијан Алварес, иако тоа ќе биде (не)возможна мисија.

Атлетико Мадрид ако се одлучи да го продаде Аргентинецот, тоа нема да биде за сума помала од 100 милиони евра, сума која Барселона не може да си ја дозволи.

Затоа спортскиот директор Деко разлегува пореални опции, а таква е Душан Влаховиќ од Јувентус. Србинот налето ќе биде слободен фудбалер, што е идеално за Каталонците, па очекувањата се дека токму Србинот ќе биде новата „деветка“ на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести