Лапорта велеше дека Дембеле е подобар од Мбапе, а сега му дава рок од 11 дена да си оди од Барса

Француското крило Усман Дембеле, денеска бил информиран од неговиот клуб Барселона, дека мора да си замине од клубот до крајот на јануарскиот преоден рок.

Дембеле за кого Барса плати 140 милиони евра за да го донесе од Борусија Дортмунд, имаше повремени блесоци, но многуте повреди го спречија да ги оправда парите вложени во неговиот трансфер. Зимава Барса сакаше да му го продолжи договорот, ни бидејќи тој тактизираше, им дојде преку глава, па сега сакаат да се ослободат од него.

Инаку, претседателот на Каталонците, Жоан Лапорта, неодамна изјавуваше дека Дембеле е подобар од Килијан Мбапе. Изгледа тоа беше само трик за да го убеди Дембеле да остане во Барселона. Во Барса беа шокирани од Дембеле и кога дознаа дека тој се оженил, а никој во клубот не знаел ни дека тој има девојка.

- Оглас -

Најнови вести