Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, раскажа една интересна анегдота.
Тој пред 13 години, кога бил 49-годишен, доживеал сериозна повреда на коленото играјќи фудбал, но одлучил да не се оперира од чудна причина.
„Го повредив коленото кога имав 49 години, ги скинав предните вкрстени лигаменти. Вообичаената процедура за таков вид повреда, особено со кинење од таков обем, е операција. Два дена пред операцијата, го прашав хирургот што ќе ме оперира: За кој клуб навивате? Ми рече: Не знам. Тоа беше лош знак. Си помислив: Нема да дозволам човек кој е навивач на Еспањол или Реал Мадрид да ме успие и да ме оперира. Може веќе никогаш да не се разбудам, хахаха“, раскажа Лапорта.
Лапорта се премислил и до ден денеска го нема оперирано коленото. Вели дека може да игра голф и тенис, води активен живот, но не може да игра фудбал, кој му е омилен спорт.

