Лацио ѝ дише во врат на Старата дама, Кулушевски играше половина час (видео)

Минималната победа од 1-0 на гостувањето кај Парма е доволна за Лацио да застане на второто место на табелата и да го чека исходот од миланското дерби. Лацијалите ќе навиваат за Милан со цел да ја задржат втората позиција од која му дишат во врат на лидерот Јувентус со еден бод разлика.

Победата ја донесе Каиседо со погодокот во 41-та минута, па така екипата од Рим успеа да оствари двоен триумф против Парма оваа сезона. За домаќините настапи и Македонецот со шведски пасош Дејан Кулушевски, меѓутоа во половина час игра тој немаше посебен придонес.

Со 16-тата овосезонска победа Лацио дојде до 53 бода, додека Парма претрпе пад до 10-тото место и остана на 32 бода.

- Оглас -

Најнови вести