33.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Лацио дојде до победа против деветмина фудбалери на Калјари (Видео)

Лацио ја оствари седмата победа во Серија А оваа сезона откако на „Олимпико“ го совлада Калјари со 2-1. Гостите го завршија мечот со деветмина фудбалери откако во вториот дел црвени картони добија Јери Мина и Мичел Адопо.

Лацијалите брзо го отворија резултатот, со голот на Булаје Дија уште во втората минута. Калјари успеа да израмни со погодокот на Зито Лувумбо пред крајот на првото полувреме.

Сепак, Лацио не дозволи бодовите да заминат од Рим. Матија Закањи постигна гол за триумф од 2-1, реализирајќи пенал во 75-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести