Лацио го победи Емполи и заврши на второто место во Серија А (Видео)

Екипата на Лацио и официјално е вицешампион на Италија, откако го потврди второто место на табелата со гостинска победа над Емполи од 2-0.

Откако во првиот дел немаше голови, резултатот го отвори Ромањоли во 48-мата минута. Конечните 0-2 беа дело на Луис Алберто во 92-рата минута.

Лацио го завршува првенството на втората позиција со 74 поени, два повеќе од третопласираниот Интер.

- Оглас -

Најнови вести