3656 Сасуоло – Џенова (18.30 часот)
Историски гледано, Џенова е многу поголем клуб од Сасуоло и традицијата е на нивна страна, но сегашноста е многу лоша за џеновјаните, тие во првите девет кола сезонава во Серија А собраа само три бода и уште не знаат за победа. Џенова во досегашните девет меча постигна само 4 гола и таа неефикасност е главна причина што се последни на табелата. Сасуоло има по четири победи и порази, а само едно реми. Џенова во минатата сезона двапати го победуваше Сасуоло, сега е шанса за тимот од Реџо Емилија да ја прекине црната низа.
Предлог тип: 1 & 0-3 (3.15)
2806 Митјиланд – Архус (19.00 часот)
Ова е дуел на двете водечки екипи во данскиот шампионат и пресметка на два тима кои се борат за титулата. Архус е прв, но има само два бода повеќе од Митјиланд, па по овој меч може да дојде до промена на лидерското место. Двата тима имаат само по еден пораз сезонава, а одиграа по 13 меча. Митјиланд е доста поефикасен тим, додека Архус за нијанса има поцврста одбрана. Во август кога играа меѓу себе последен пат, немаше голови. Архус три години нема победа на гости во Хернинг.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.35)
3657 Лацио – Каљари (20.45 часот)
Лацио и Каљари се соседи на табелата, римјаните се дури 13-ти, а тимот од Сардинија е 14-ти со три бода помалку од Орлите. Лацио игра многу променливо, во девет меча има по три победи, порази и нерешени. Каљари од 19 септември не победил на лигашки меча. Во минатата сезона, Лацио двапати го победуваше Каљари со по 2-1. За Каљари, Лацио е традиционално незгоден ривал, не го победиле од мај 2013 година, што е период од 12 и пол години, а во Рим, Каљари не славел уште од 2009 година наваму.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.22)
1010 Сандерленд – Евертон (21.00 часот)
Црните мачки се во налет, имаат три победи во последните четири кола во Премиер лигата, додека Карамелите од Ливерпул губеа во претходните две кола, па сега имаат шест бода помалку од Сандерленд. Евертон даде 9 гола на девет меча, а Сандерленд ако победи, ќе биде на втората позиција на табелата. Сандерленд уште нема пораз дома откако влезе во Премиер лигата, додека Евертон на гости уште нема реми, има една победа и три порази. Евертон победи со 3-0 на своето последно гостување на „Сент Мери“, но тоа беше одамна, пред девет години.
Предлог тип: Т1 2+ (2.90)
1310 Овиедо – Осасуна (21.00 часот)
Овиедо со 7 постигнати гола на 10 меча е најнеефикасен тим во шпанската Ла Лига, затоа и го делат дното на табелата со Жирона. Не можат да кренат глава ни по смената на тренерот Пауновиќ, испаднаа и од Купот од третолигашот Оуренсе. Ни Осасуна не блеска, има само три бода повеќе од Овиедо и три порази на последните четири меча. Осасуна има дадено 9 гола, па ова ќе биде дуел на двата најслаби напади во лигата. Овиедо дома постигна само два гола на пет средби, додека Осасуна ги загуби сите пет гостувања и даде само еден гол.
Предлог тип: Х било кога (1.67)

