Лацио ја зголеми кризата на Јувентус, дали е ова крај на ерата на Тудор? (Видео)

Јувентус го тресе сериозна криза, а таа од вечерва е уште поголема откако Старата дама загуби со 1-0 на гостувањето кај Лацио. Тоа сега значи дека Јувентус нема победа на последните осум натпревари, а на последните четири нема постигнато погодок.

Ова можеби ќе биде и крај на ерата на Игор Тудор како тренер на Јувентус.

Лацио поведе рано, уште во деветтата минута. Тома Башиќ успеа да ја затресе мрежата на Јувентус. До крајот, гостите не најдоа одговор за да успеат да избегнат пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести