Лацио му подари гол на Левандовски со кој Полјакот го надмина легендарниот голгетер на Реал Мадрид (Видео)

На Баерн Минхен му беа потребни само девет минути за да стигне до водство на гостувањето во Рим против Лацио во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони. Актуелниот европски бранител уште од стартот тргна офанзивно, а голот што го постигна Роберт Левандовски всушност е „подарок“ од домаќините.

Домаќините ја имаа топката кога Матео Мусакуо сакаше да ја врати кон Пепе Реина, но тука беше Левандовски, кој внимателно го следеше киксот на домќините. Голгетерот на Баерн не пропушти шанса да погоди и да го доведе Баерн во водство од 1:0. Погодокот може да го погледнете ТУКА.

За Левандовски ова беше 34-ти погодок сезонава, а вкупно 72-ри во Лигата на шампионите. Со овој погодок Левандовски го надмина легендарниот голгетер на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, кој беше трет на листата на стрелци во ЛШ со 71 погодок. Пред Левандовски, сега се само Лионел Меси и Кристијано Роналдо како подобри стрелци во историјата на елитното натпреварување на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести