Лацио го приклучи Романо Мусолини, тинејџерот потекнува од семејните стебла на Бенито Мусолини и Софија Лорен

Романо Мусолини е приклучен во младинските категории на Лацио, ќе игра за примавера составот на познатиот калчолигаш, а бекграундот му е интересен.

Има 18 години и во Италија велат дека е талентиран, што го потврдија и од Лацио со приклучување во младинскиот тим.

Прадедо на Романо е Бенито Мусолини, фашистичкиот лидер на Италија од ерата пред Првата светска војна и во текот на војната.

Подобрата варијанта во семејното стебло на Романо е бабата, а таа е познатата филмска ѕвезда Софија Лорен. Романо ќе се обиде да се наметне со добри игри во младинските категории на Лацио, а потоа и да си најде место во А тимот на Лацијалите во дефанзивниот ред.

 

- Оглас -

Најнови вести