3674 Удинезе – Болоња (18.30 часот)
Удинезе бара прекинување на црната серија од пет порази по ред и низа од три меча по ред без постигнат гол, но нема да биде лесно. Болоња се бори за место во ЛШ и само со победа би го прескокнала Јувентус, кој е четврти на табелата. Последната победа на Удинезе беше на 1-ви март. Последните два меѓусебни дуела на овие екипи завршуваа со резултат 1-1, но тоа беа мечеви во Болоња, а во Удине последен пат играа во 2023 година, и тоа двапати, и тоа беа мечеви со по три гола и двата тима победија по еднаш.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.82)
3676 Лацио – Парма (20.45)
Ова е дуел на два тима кои ретко губат во последно време, Лацио има низа од четири, а Парма од пет меча по ред без пораз. Римјаните се борат за излез во Европа, додека Парма има амбиција да остане прволигаш и кога би победила, речиси сигурно би обезбедила опстанок во Серија А. Но, Парма има само една победа на гости сезонава, а не прими гол во претходните две кола. Орлите од Рим дома често играат нерешено, но овојпат бодот не би ги задоволил, а и традицијата е на нивна страна, на „Олимпико“ имаат 10 победи по ред против Парма во сите натпреварувања. Зимоска беше 3-1 за Парма.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.83)
3675 Верона – Каљари (20.45 часот)
Верона е тим со најмногу примени голови во Серија А, а има и помалку дадени голови од Каљари, има и повеќе порази од гостинот, но има и два бода повеќе од тимот од Сардинија, кој им е ривал во битката за опстанок. Каљари е на пет бода од опасната зона и секој бод би им бил добредојден. Верона бара прекин на серијата од четири меча без победа. Верона има низа од пет средби едноподруго со 0-2 гола. Есеноска победи Каљари со 1-0.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.02)
1022 Лидс – Бристол сити (21.00 часот)
Лидс се пласира во Премиер лигата, но мора да победи ако сака да биде шампион на Чемпионшип бидејќи има три бода помалку од водечкиот Барнли. Лидс има подобра гол-разлика и им одговара каков било триумф. Бристол сити е петти и таа позиција води во плејофот за влез во Премиер лигата, но ако загуби денеска, ќе мора да се вади во последното коло бидејќи може да биде престигнат дури од четири тима кои се на бод или два под него. Лидс е убедливо најефикасен тим во лигата, во просек дава по два гола, а есеноска во Бристол беше 0-0.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.88)
1544 Каса Пија – Есторил (21.15 часот)
Тука станува збор за два тима од златната средина на табелата во португалската лига и немаат некои преголеми мотиви, со оглед на тоа дека екипите имаат обезбедено опстанок, а местата кои водат во Европа им се недостижни. Есторил губеше во претходните две кола, и тоа без постигнат гол, додека Каса Пија во последните три кола освои скромни два бода. Каса Пија дома не победила против Есторил уште од 1999 година, но во декември како гостин славеше со 2-0.
Предлог тип: 1 (2.19)