12.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Лацио планира да се пресели на запуштен стадион кој се распаѓа (Фото)

Стадионот „Фламинио“ во Рим е изграден кон крајот на 50-тите години на минатиот век, а неговата состојба е катастрофална. Тревникот изгледа на ливада, а трибините се запуштени и воопшто не се употребува.

Но, тоа наскоро може да се промени бидејќи раководството на Лацио планира преселба од „Олимпико“ токму на овој стадион, секако и негова комплетна обнова.

Планот е моменталниот капацитет од речиси 25.000 гледачи да се зголеми на 50.000, а целиот проект се очекува да чини 440 милиони евра.

Проектот веќе е во изработка, но кај дел од општинските советници веќе има незадоволство, пред сè, поради хаосот кој ќе се создаде кога ќе се играат домашните натпревари на Лацио во овој дел од Рим.

Лацио и Рома ги играа домашните натпревари на овој стадион во сезоната 1989/90.

- Оглас -

Најнови вести