Лацио се навикна да ремизира дома, но вечерва мора да победи

6045 Јагелонија – Бетис (18.45 часот)

Шпанскиот тим во Полска доаѓа со солидна, но не и недостижна предност од 2-0 од првиот меч во Севилја во Конференциската лига. Бетис е фаворит за победа и на реваншот, но психички малку се разнишани откако во неделата загубија значаен меч од Ла Лига против Вилјареал, кој им е директен конкурент во борбата за место во ЛШ. Од друга страна, Јагелонија викендов извојува важна победа над Легија во Варшава со гол на нашиот Чурлинов. Последниот домашен пораз на полскиот тим беше во август, кога загубија од Ајакс во квалификациите за Лигата на Европа.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.10)

 

6021 Лацио – Бодо/Глимт (21.00)

Пред Лацио е тешка задача откако римските Орли на првиот дуел во Норвешка загубија со 0-2. Лацио има неверојатна серија од пет нерешени игри по ред на последните пет настапи на „Олимпико“ во сите натпреварувања, и тоа последните четири со истиот резултат 1-1, а вечерва им треба победа, и тоа убедлива. Небесносините од Рим на сите домашни мечеви во календарската 2025 година и даваат и примаат гол.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (1.99)

 

6022 Атлетик Б. – Ренџерс (21.00 часот)

Вечерва во Билбао мора да има гол, макар и во пенал-серија бидејќи првата средба од ова четвртфинале во Лигата на Европа во Глазгов заврши 0-0. Финалето на ЛЕ ќе се игра во Билбао и тоа е големиот мотив на Баскијците кои сонуваат европско финале на својот стадион. Атлетик еден и пол месец не знае за пораз, а последната победа на Ренџерс беше во март. Некако сите статистички показатели и за овој реванш покажуваат дека нема да има многу голови.

Предлог тип: & 0-3 (1.70)

 

6023 Манчестер ј. – Лион (21.00 часот)

Првиот дуел во Франција беше драматичен и ефикасен, заврши 2-2, имаше по еден гол на двете страни во финишот, па Црвените ѓаволи сега дома имаат прилика да дојдат до полуфиналето и да го продолжат патот до титулата, која ќе им донесе место во Лигата на шампионите, со што би се извадиле за очајните изданија во Премиер лигата. Лион на последните шест гостувања секогаш даваше барем два гола, па ништо чудно ако и на „Олд Трафорд“ има голеада и двата тима ги тресат мрежите.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.89)

 

6024 Ајнтрахт – Тотенхем (21.00 часот)

На првиот меч во Лондон беше 1-1, двата гола паднаа во првите половина час од средбата, па вечерва во Франкфурт мора да има победник за да се одреди патникот во полуфиналето. Ајнтрахт имаше успешна, а Тотенхем неуспешна генерална проба. Петлите од Лондон ако не ја освојат ЛЕ, веројатно ќе останат без излез во Европа бидејќи се дури 15-ти на табелата во Премиер лигата. Двата тима играат променливо, но веруваме дека нема да има продоженија.

Предлог тип: 12 & 2-4 (2.13)

- Оглас -

Најнови вести