Лацио загуби дома од Киево, што е огромен кикс на тимот кој е во трка за место кое води на европска сцена. Дека не им е денот на лацијалите, се виде уште во првото полувреме кога Сергеј Милинковиќ Савиќ доби црвен картон. Гостите од Верона ја искористија предноста и со два гола го шокираа домаќинот. За Киево кој сигурно испаѓа, ова е само втора победа сезонава. Оваа победа на „летечките магариња“ ги радува и фановите на Милан, Рома, Аталанта и Торино кои се во близина на Лацио.
Голема победа извојува Болоња, која сега има четири бода плус во однос на загрозениот Емполи. Екипата на Емполи дома прими четири гола од СПАЛ. Андреа Петања со 14 гола првиот играч во историјата на СПАЛ кој во една сезона во Серија А дал толку голови. Џенова без Горан Пандев кој не играше поради суспензија од картони, загуби од Торино, па „биковите“ го прескокнаа Лацио и се искачија на шесто место.
РЕЗУЛТАТИ: Болоња – Сампдорија 3-0, Калјари – Фрозиноне 1-0, Емполи – СПАЛ 2-4, Џенова – Торино 0-1, Лацио – Киево 1-2, Удинезе – Сасуоло 1-1.