Фудбалерите на Комо имаа одличен старт на новата сезона во Серија А, откако на домашен терен славеа над Лацио со 2-0.
Анастасиос Дувикас во 47-мата и Нико Пас во 73-тата минута беа стрелци на головите за екипата која од клупата е предводена од Сеск Фабрегас.
Фиорентина не ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Каљари и одигра само 1-1, иако само секунди ги делеа од победа. Роландо Мандрагора во 68-мата минута ги донесе „виолетовите“ во водство, но Себастијано Луперто во 94-тата минута спаси бод за домашниот состав.