Договорот помеѓу ПСЖ и Јувентус за позајмицата на Леандро Паредес заврши и тој летово се враќа на “Паркот на принцовите“. Клубовите беа договорени доколку Јувентус сака да го задржи да плати 22 милиони евра за аргентинецот, но од раководството на “старата дама“ не се заинтересирани да го задржат фудбалерот.
Паредес има договор со ПСЖ до следното лето, а клубот по секоја цена да се ослободи од него или повторно да го прати на позајмица. Маките може да им ги скрати Лацио кој е заинтересиран за играчот кој вреди 12 милиони евра според Трансфермаркет, но само доколку се договори за “разумно“ обесштетување со ПСЖ.
Фудбалерот сигурно би прифатил да остане во Италија, бидејќи освен за Јувентус, во минатото настапуваше и за Рома, Киево и Емполи.
Интерес за Паредес има и од Галатасарај, Атлетико Мадрид и Рома.