Лацио заврши пред Рома во Серија А, Јувентус лошата сезона ја заврши со пораз

Вкупно четири меча се одиграа денеска во италијанската Серија А, а тоа значи дека уште осум екипи ја завршија сезоната. Лацио на свој терен одигра 3:3 против Верона и тоа беше доволно небесносините да освојат 64 бодови, еден повеќе од градскиот ривал Рома. Двата тима од Рим ќе играат во Лигата на Европа.

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус, со пораз ја заврши сезоната во која има двоцифрено заостанување зад водечнкиот двоец, но најважно за Старата дама е дека ќе игра во Лигата на шампиони и следната сезона. Јувентус загуби на гости кај Фиорентина, која си обезбеди место во Конференциската лига како тим кој завршува на седмото место во првенството.

Џенова е тимот кој денеска испадна, откако на домашен терен загуби од Болоња со 0:1, па некогашниот тим на Горан Пандев од следната сезона ќе биде дел од Серија Б.

- Оглас -

Најнови вести