Трета седмица на последните четири меча – Лацио игра како по ноти за обложувачите (Видео)

Лацио ја победи Џенова со 4:3 и се приклучи во битката за места што водат во Лигата на шампионите во финишот на сезоната во Серија А.

Гостите кои играа без суспендираниот Горан Пандев доцна се разбудија и со два гола во финишот се обидоа да освојат бод, но не успеаја.

Лацио водеше со 4:1 и кога се чинеше дека ќе слави убедливо, Скамака и Шомуродов за 60 секунди во 80. и 81. минута намалија на само еден гол негатива, но сепак за среќа на фаворитот не се случи сензација.

Ова е третпат на последните четири меча што ги играше Лацио да има 7, или повеќе голови, или популарниот 7+ со обложувачки речник.

Домаќините беа многу подобри до финишот, а победата ја најавија со интересен гол што го постигна Хоакин Кореа во 20. минута.

Lazio 1-0 Genoa – Joaquín Correa 30′ from soccer

Потоа и Чиро Имобиле погоди од пенал, за негов 19-ти гол во Серија А сезонава, а победата ја донесоа и Луис Алберто и Кореа со уште еден погодок во мрежата на Џенова.

Лацијалите постигнаа вкупно пет гола, откако Адам Марушиќ несакајќи си постигна убав автогол во 47. минута.

Lazio 2-[1] Genoa – Adam Marušić OG 47′ great goal from soccer

 

Лацио сега е во игра и за место меѓу најдобрите четири екипи што ќе ја претставуваат Италија во Лигата на шампионите. Имаат 64 бода на шесттото место, само два помалку од Јувентус и Наполи, четири од Аталанта и пет од Милан, а недостижен е новиот шампион Интер.

Џенова остана на 13. позиција со 36 бода и ќе бие неизвесна битка за опстанок во последните четири кола.

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести