Интер се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, а еден од хероите на италијанскиот тим е Лаутаро Мартинес. Нераѕурите одиграа 2:2 на „Џузепе Меаца“ против Баерн Минхен, а во следната фаза одат благодарение на победата од 2:1 на првата средба во Германија.
„Ние не се откажуваме. Имаме глава и срце. Ова беше историски меч кој долго време ќе се памети. Многу напорно работевме и се жртвувавме за да стигнеме до оваа фаза. Точно е дека во одредени моменти страдавме на теренот, но успеавме да се кренеме. Против себе имавме голем ривал, со богата историја и успеавме да победиме. Сега се фокусираме на следните натпревари во ЛШ“, рече Лаутаро, кој вечерва постигна еден гол за Интер.