Лионел Меси имаше уште едно шоу во дресот на аргентинската репрезентација откако уште во првото полувреме постигна хет-трик на пријателскиот меч против Курасао. Аргентина победи со убедливи 7:0, а Меси ја надмина бројката од 100 погодоци во репрезентативниот дрес. Сега има 102 погодока и е само третиот фудбалер во историјата со троцифрен број голови во дресот со државниот грб.
Овој меч нема да се памети само по мајсториите на Меси, туку и по уникатното промашување на Лаутаро Мартинес. Голгетерот на Интер го имаше можеби најневеројатното промашување во кариерата откако во третата минута доби одлична топка од Меси и требаше само да погоди во празната мрежа од два-три метри, но Лаутаро успеа да промаши.
https://twitter.com/i/status/1640935983167451137
Аргентина