Меси го даде својот 100-ти гол во дресот на Аргентина, и тоа со десна нога (Видео)

Аргентина со 7-0 го победи Курасао во пријателски меч, а Лионел Меси даде три гола, сите во првото полувреме, и влезе во историјата како прв Аргентинец кој дал 100 гола во дресот на националниот тим.

Меси првпат направи хет-трик во прво полувреме играјќи за репрезентацијата.

Меси својот јубилеен погодок за својата земја го постигна со шут со неговата послаба десна нога. Со овие голови, Лео има 102 (на 174 меча) и му се доближи на Али Даеи, кој има 109 за Иран и се наоѓа на второ место на вечната листа, а прв е Кристијано Роналдо со 122, со тоа што Португалецот уште игра и може да го подобрува светскиот рекорд.

Оваа победа на Аргентина значи дека на следната ранг-листа на ФИФА која ќе биде објавена Гаучосите ќе се најдат на првото место и ќе го симнат Бразил.

Меси по мечот на „Инстаграм“ имаше објава во која им се заблагодари на навивачите и си посака ова лудило кое владее по освојувањето на светската титула никогаш да не заврши.

Погледнете го голот број 100 на Меси за Аргентина:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести