Лаутаро: Немаме алиби, застанавме да играме откако поведовме со 2:0

Интер пропушти голема шанса да се радува на трофејот во Суперкупот на Италија, откако загуби од градскиот ривал Милан со 3:2. Нераѕурите има за што да жалат, бидејќи водеа со 2:0, но на крајот беа поразени.

Лаутаро Мартинес кој го постигна првиот погодок во финалето, е самокритичен и едноставно не може да објасни како неговиот тим го загуби ова финале.

„Одигравме добро прво полувреме, потоа поведовме со 2:0 и едноставно како да престанавме да играме. Во меч кој е финале тоа секогаш скапо се плаќа. Имавме и ние шанси за трет гол, но загубивме. Не знам дали заслуживме да загубиме, но Милан со сигурност заслужи да победи, затоа што тие во ниту еден момент не се предадоа. Секоја чест за нив, а за нашата игра нема алиби“, разочарано констатираше Лаутаро.

- Оглас -

Најнови вести