Македонија Ѓорче Петров го загуби првиот квалификациски натпревар од Лигата на Европа против ерменскиот тим на Алашкерт со 3-1. Лавовите добро се држеа повеќе од еден час игра и имаа резултатски егал со израмнувачиот погодок на Јашаровски во 52-рата минута.
Претходно домаќините поведоа во првиот дел преку Танков, додека Секулиќ и автоголот на Бјанор му пресудија на македонскиот претставник во првата квалификациска средба од второто по квалитет европско натпреварување.
Реваншот кој ќе се игра во Скопје е предвиден за 18 јули, со почеток од 16:30 часот, а Лавовите имаат на што да се надеваат бидејќи негативата не е недостижна.