Лавовска битка на младите Македонки – Ја победија Романија, сега и Црна Гора јуначки помага за четвртфинале

Младите кошаркарки на Македонија на возраст до 20 години забележаа сензационална победа од 55:53 против фаворитот Романија и чекаат помош од Црногорките за настап во четвртфиналето на Европското првенство во Б категорија.

Црна Гора игра со Хрватска, мечот е во тек и се одвива одлично за нас, бидејќи лидерот на табелата во Ц групата има огромна предност од 49:19 по првото полувреме.

Македонија во последниот меч за нас во фазата по групи успеа да направи голем пресврт и негативата од 8 поени разлика по првиот период, 12:20 да ја преточи во голема победа.

Моментно сме израмнети со Романија на делба на второто место, а ако не победи Хрватска против Црна Гора токму победата денеска ќе ни донесе пласман во четвртфиналето.

 

 

- Оглас -

Најнови вести