Македонија има предност од пет гола (18-13) на полувремето против Јапонија во првиот дуел од групната фаза на Светското првенство. На средбата во „Олимпија хале“ на нашите ракометари речиси се оди во нивна полза, а еден од најубавите подогоци го постигна Филип Кузмановски по одличната асистенција на Кире Лазаров.
Голот по кој Македонија поведе со 16-10 создаде овации на трибините каде стои нашата „фаланга“.