Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите за Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се игра во три држави. Македонија беше извлечена во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а мечевите ќе се играат во Вараждин, Хрватска.
Селекторот Кирил Лазаров веднаш се присети на настапот на Македонија на СП 2009 година, кога на Мундијалот нашата репрезентација заврши на 11-тото место, а Вараждин беше градот од каде што започнаа резултатите за почит на тој Мундијал.
„Од првиот и од вториот шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни, пред сè со фактот дека ќе играме во Хрватска, односно во Вараждин, каде што верувам дека ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи. Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доволно време да се подготвиме квалитетно за Светското првенство“, рече Лазаров во својата прва реакција.