Лазаров: Горд сум на моите играчи

Во Алкалоид нема како да не се задоволни од победата од 11 голови разлика против литванската екипа Драгунас Клаипеда, со што е отворен патот до следната рунда во ЕХФ Европскиот куп. Тренерот Kирил Лазаров вели дека не смее да има опуштање во реваншот.

„Горд на својот тим. Имам голем респект за Драгунас, кажав и пред мечот дека тие се добар тим. Никој не очекуваше вака висока победа од 11 голови разлика. Уште мислам дека се опасен тим кој игра модерен ракомет. Нема да се опуштиме, треба да внимаваме. Реваншот ќе биде тежок ако не сме претпазливи и ако имаме лош пристап. И таму ќе одиме на победа, на чекор сме до следното коло не смееме да дозволиме изненадување“, изјави Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести