19.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Лазаров: Имаме лош менталитет како Македонци, но имаме и големо срце, ова е еден од моите посреќни денови во кариерата!

Селекторот Кирил Лазаров е пресреќен за победата над Фарски острови и пласманот на ново Светско првенство. Лазаров беше под голем притисок, но покажа дека знае и како тренер да се носи со притисокот и да го извлече најдоброто од ракометарите кога е најпотребно.

„Благодарам на сите кои веруваа дека овие момци може да направат пресврт и подвиг. Благодарам на публиката која дојде да не бодри и покрај лошиот резултат од првиот меч. Уште пред двомечот велев дека Фарски острови е сериозна селекција. Некои иронично ги сфаќаа тие мои изјави и велеа дека се алиби во случај да не се пласираме на СП. . Може да бидам слаб, може да изгубам, но ќе останам на нозе, ќе издржам и ќе продолжам. Никогаш не сум бил алиби човек ниту алиби играч и нема да бидам ниту алиби тренер. Благодарам на играчите кои веруваа кои се вратија и покрај еден лош резултат во првиот меч. Нашиот менталитет е таков, додека не се сопнеме додека не паднеме не знаеме да цениме, како Македонци. Имаме лош менталитет, но имаме големо срце. Нема ништо да кажам на критичарите, ќе останам скромен. Ова е еден од посреќните денови во мојата кариера. Нова генерација, со нови момци од кои 90 отсто играчи се дел од македонската лига“, рече Лазаров веднаш по победата над Фарски Острови и пласманот на Македонија на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести