0.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Лазаров: Нашата крв е врела, македонска крв и ќе се бориме до крајот

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров беше со измешани емоции по ремито против Португалија.

„Не е лесно да се игра против светски велесили како што е Португалија. Од срце им честитам на моите играчи за тоа што го направија во дуел со полуфиналистот од последното Светско првенство. Успеавме да ја најдеме формулата и со голема верба успеавме да стигнеме до позитивен резултат. Јас и пред мечот им реков дека е можно да се случи да одиграме нерешено со Португалија“, рече Лазаров.

Во третото коло Македонија ќе игра против Романија, но секако ќе го чека и расплетот од дуелот меѓу Данска и Португалија кои ќе играат во тоа време.

„Нашата крв е врела крв, македонска крв. Треба малку да се смириме. Има многу калкулации. Прво и основно треба да ја победиме Романија, а потоа да бараме да биде со поголема разлика. Сепак Романија е тоа, а тие најавија дека против Македонија се подготвени да одат и во војна. Што се однесува за дуелот против Португалија, имавме голем пех. Се повредија нашите две леви крила, па плус и најискусниот Никола Марковски доби црвен картон. Да не се случеа тие работи, мислам дека ќе го добиевме овој меч. Жал ми е што не победивме, но ќе се бориме до крај, ќе го дадеме максимумот. Време е и Данска да ни помогне, да се сетат на 2012 година“, е изјавата на Лазаров од микс-зоната во салата во Херниг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести