Лазаров: Верувам дека имаме шанса за позитивен резултат против Швајцарија

По поразот од Германија, селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, смета дека се повториле истите грешки како со Франција, а и квалитетот на ривалите е голем и тие ги казнуваат сите технички грешки.

„Ни се случуваа истите работи како со Франција, имавме многу продадени топки, проблем во нападите 6 на 6. Се боревме, но имаме 18 загубени топки, по кои противникот прави контра. Не беше реално да ги победиме, важно беше да го дадеме максимумот, но мора да бидеме подобри и знаете како, играте колку ќе ви дозволи противникот. Далеку се пред нас и Франција и Германија. Можеби можеше поразите да бидат помали за по некој гол, но тоа ќе беше максимум“, смета Лазаров.

На прашањето дали би бил задоволен со нерешено против Швајцарија, Лазаров не даде директен одговор.

„Ако имаме шанса да пробаме да се бориме за победа на ова ЕП, тоа е против Швајцарија. Тие вчера ја изненадија Франција, убедливо загубија од Германија. Треба да ги средиме главите и веруваме во тоа што го работиме. Имаме сила и се надевам на позитивен исход. Сакаме да победиме, иако Швајцарците се добри. Во спортот не се знае“, додава Лазаров.

- Оглас -

Најнови вести