Лео Меси се враќа во составот на Аргентина за дуелите против Чиле и Колумбија (Фото)

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските дуели против Чиле и Колумбија. Иако Гаучосите веќе имаат обезбедено пласман на Светското првенство 2026, сепак на списокот се најде и Лионел Меси, што за него ќе бидат први настапи за репрезентацијата оваа календарска година.

Фудбалерот на Интер Мајами ги пропушти дуелите против Уругвај и Бразил во март поради повреда, но сега ќе враќа во составот на актуелниот светски шампион.

На четири кола пред крајот на јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство, Аргентина е убедливо прва со 31 бод, осум повеќе од второпласираниот Еквадор.

- Оглас -

Најнови вести