6.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Леао од пенал го вивна Милан на врвот од Серија А! (Видео)

Италијанската Серија А од викендов има нов лидер, откако Милан со пресврт славеше над Фиорентина со 2-1 и сега има бод повеќе од Интер, Наполи и Рома.

Сепак, победата не беше лесна, бидејќи гостите од Фиренца поведоа преку Гусенс во 55-тата минута.

Херој на Милан е Рафаел Леао, кој беше стрелец на двата гола за „црвено-црните“. Португалецот најпрво погоди во 63-тата минута за израмнување на 1-1, а потоа со гол од пенал во 86-тата минута ја донесе и победата за Милан.

- Оглас -

Најнови вести