12.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

Леброн Џејмс денеска ќе ја донесе „одлуката над сите одлуки“

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во НБА-лигата, Леброн Џејмс, најави дека денеска има нешто многу важно да соопшти. Џејмс, кој речиси две децении доминира во најсилната лига на светот, преку својот профил на социјалната мрежа „Х“ најави дека денеска во 18 часот по македонско време ќе ја соопшти „одлуката над сите одлуки“.

Ова не е прв пат Леброн да направи вакво нешто. Во 2010 година најави дека е време да се дознае „Одлуката“, а тогаш соопшти дека си заминува од Кливленд во Мајами. Сега повторно се чека некоја голема негова одлука.

Шпекулациите се дали тоа ќе биде моментот кога Џејмс ќе објави дека се повлекува од НБА-лигата или ќе направи некој нов трансфер. По доаѓањето на Лука Дончиќ во Лос Анџелес лејкерс, Леброн многумина го гледаат како „поранешен“ лидер на тимот. Најавите се дека Голден стејт вориорс, Далас маверикс или некој трет тим може да биде следна дестинација на Леброн.

Втората најмногу очекувана варијанта е дека ќе замине во кошаркарска пензија. Леброн во декември ќе наполни 41 година, но факт е дека уште е во Топ 10 најдобрите играчи во НБА, па прашање е дали тој воопшто размислува за пензија или за нов предизвик во кариерата.

Како и да е, вистината ќе се открие денеска во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести