Леброн Џејмс донесе одлука за својата кошаркарска иднина

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс и следната сезона ќе го носи дресот на Лос Анџелес Лејкерс. 40-годишниот кошаркар оваа одлука ја донел денес, кога истекуваше последниот рок да се изјасни.

Леброн согласно неговиот договор имаше опција до денес да се изјасни дали ќе остане во ЛА Лејкерс, ќе направи трансфер во друга екипа или ќе ја заврши кариерата. Одлуката на кошаркарот е дека тој ќе игра и следната сезона, а тоа за него ќе биде 23-та сезона во НБА лигата, бројка до која не дошол ниту еден кошаркар во историјата на ова натпреварување.

Иако 40-годишен, сепак, Леброн Џејмс минатата сезона ја заврши со просек од 24,4 поени, 8,2 асистенции и 7,8 скокови по натпревар. Многумина сметаат дека сезоната 2025/26 ќе биде последна во кариерата на еден од најдобрите кошаркари во историјата на овој спорт. 

- Оглас -

Најнови вести