Леброн Џејмс е Ајнштајн во кошарката

ЛА лејкерс е на една победа до пласман во големото финале на НБА лигата, откако ноќеска ја оствари третата победа против Денвер во финалната серија на Западот.  Леброн Џејмс беше еден од предводниците на Езерџиите во новиот триумф, и беше блиску да оствари нов трипл-дабл со 26 поени, 9 скока и 8 асистенции.

Кралот засега успешно ја спроведува мисијата да ја донесе 17-тата титула за Лејкерси, а сето она што го прави на теренот го доведе до ситуација да биде спореден со Алберт Ајнштајн, еден од најголемите умови на 20-от век.

„Сите големи играчи во нивните кариери имале легендарни тренери кои им помогнале да ги достигнат кошаркарските величини. Бирд, Џордан, Џабар, Меџик… Минале низ универзитетска кошарка каде што соработувале со големи ментори. А, Леброн? Тој во НБА лигата дојде како тинејџер директно од средно школо. Кој бил неговиот ментор? Џејмс е кошаркарски гениј во кошарката, небаре е Ајнштајн“, истакна Ајзеа Томас, двократен шампион и икона на Детроит пистонс.

- Оглас -

Најнови вести