Леброн Џејмс го сруши рекордот за коj многумина мислеа дека ќе остане недопирлив

Леброн Џејмс кој е најдобар стрелец во историјата на НБА лигата, од денеска е сопственик на уште еден неверојатен рекорд. Кошаркарскиот Крал од денеска е и играчот кој успеал да постигне најмногу шутеви од поле во историјата на НБА лигата.

Легендарниот Џејмс во првата четвртина на дуелот против Денвер постигна кош од игра и тоа беше 15.837 погоден шут од поле за него, со што го надмина неверојатниот рекорд на Карим Абдул-Џабар од далечната 1989 година. Многумина веруваа дека тој рекорд на Џабар никогаш нема да биде достигнат, но 37 години подоцна се појави Леброн да ја надмине и таа магична бројка.

Претходно, во 2023 година Леброн го надмина рекордот на Џабар и по вкупноот број на поени. Џабар имаше 38.387 поени, а Џејмс сега брои до 43.111 поени во НБА кариерата.

На вечната Топ 10 листа на кошаркари со најмногу погодени шутеви од поле сега се:

Леброн Џејмс – 15.838 шутеви

Карим Абдул-Џабар 15.837

Карл Мелоун 13.538

Вилт Чемберлен 12.681

Мајкл Џордан 12.192

Коби Брајант 11.719

Шекил О’Нил 11.330

Дирк Новицки 11.169

Кевин Дурант 11.075

Елвин Хејс со 10.976 шутеви погодени од поле

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести