39.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Леброн Џејмс „обвинет“ дека користел допинг! (Видео)

Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, е „обвинет“ дека користел допинг. Ова го истакна поранешниот НБА-кошаркар, Џеф Тиг, во поткаст. Ваквата изјава сигурно ќе привлече големо внимание во јавноста.

Еден од најголемите играчи во историјата, Леброн Џејмс, е симбол на долговечност и успех во кошарката.

Сепак, сега „Кралот Џејмс“ би можело да се најде во центарот на најголемиот скандал досега.

Поранешниот НБА-кошаркар, Џеф Тиг, во поткастот Club520, изјави дека Леброн користел допинг.

Тиг тврди дека Џејмс избегнал допинг-тестирање, така што измислил повреда на грбот, а потоа се вратил на теренот „чист“ по неколку недели пауза.

„Користеше стероиди, брате. Затоа го тргнаа на одмор некое време за да го ‘исчистат’. Тоа е вистинската причина зошто го снема“, истакна Тиг, и додаде:

„Кога требаше да има тестирање на хормон за раст, тој рече дека има повреда на грбот. Паузираше три недели и се врати ‘чист’. Како ништо да не било, никој ништо не праша.“

Овие изјави предизвикаа голема бура на социјалните мрежи, но од таборот на Џејмс сè уште нема официјална реакција.

Тиг е личност чиј збор многу се цени меѓу неговите поранешни соиграчи и колеги.

Џеф Тиг одигра 12 сезони во НБА, а останува да се види дали со ова ќе покрене лавина коментари и скандали на највисоко ниво во кошарката.

- Оглас -

Најнови вести