Леброн Џејмс правеше „ненормални“ работи за човек кој има 40 години, но потегот за ерупција го направи неговиот син (Видео)

Лос Анџелес лејкерс стигна до една од најубедливите победи сезонава откако на гостински терен со 134:96 го победи Вашингтон. Уште по првата четвртина беше јасно дека Лејкерси лесно ќе победат. Гостите беа одлично расположени во нападот и во првите 12 минути постигнаа 42 поени, а уште тогаш водеа со 13 поени предност.

Во втората четвртина Лејкерси постигнаа 36 поени, а примија само 16, па на паузата заминаа со огромна предност од 33 поени разлика. Најефикасен на мечот беше Леброн Џејмс. Ветеранот кој наполни 40 години, на теренот помина 26 минути, во кои постигна 24 поени, имаше 11 асистенции, а додаде и три скока.

За тоа колку беше моќна играта на Леброн, покажаа два негови потега. Прво беше толку самоуверен што без проблеми постигна тројка од речиси половина терен.

Во вториот дел Леброн покажа дека уште може моќно да забие и како во најдобрите денови направи атракција.

Освен Леброн, на овој меч се истакна и неговиот син Брони Џејмс, кој постигна пет поени, а посебно воодушевување кај публиката, и тоа таа во Вашингтон, беше кога младиот играч успеа да постигне атрактивни поени со фаул врз него.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Кливленд – Атланта 137:115, Јута – Милвоки 113:138, Мемфис – Хјустон 120:119 и Портланд – Орландо 119:90.

- Оглас -

Најнови вести