Леброн Џејмс се повреди и ќе паузира во клучниот период за ЛА лејкерс

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс ќе биде надвор од теренот најмалку една до две недели, пренесува ЕСПН. Џејмс не можеше да го доигра дербито против Бостон селтикс и го напушти теренот на седум минути до крајот на последната четвртина.

Џејмс беше во напад кога успеа да постигне поени, но се пожали на болка во ногата и почна неправилно да оди. Полошото сценарио е повредата да биде посериозна и да мора да паузира од четири до шест недели.

Слична повреда Џејмс имаше и во 2018 година кога пропушти 17 натпревари.

Џејмс има 40 години, но и покрај тоа што е ветеран во НБА, уште е незадржлив. Сезонава одигра 58 од 62-те меча на Лејкерс и тоа со просек од 25 поени со 51,7 отсто шут од поле. Има и 8,2 скока и 8,5 асистенции по меч.

Лејкерс во следниот период ќе има турбо распоред. Во следните осум меча тимот од ЛА ќе одигра шест меча вклучувајќи ги и двобоите против Денвер нагетс и Милвоки бакс.

 

- Оглас -

Најнови вести