0.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Леброн Џејмс се расплака, можеби последен пат играше во салата во Кливленд (Видео)

Кливленд кавалирс го декласира Лос Анџелес лејкерс со 129-99 во можеби последното гостување на Леброн Џејмс во салата во Кливленд. И самиот Леброн најави дека е можно такво нешто.

Џејмс, кој е локален херој во Кливленд и Охајо уште од средношколските денови, а таму ја почна и професионалната кариера во 2003 година, даде 11 поени и неговиот тим доживеа тежок пораз, а Кавалирс му приредија изненадување со прикажување видео со снимки од времето кога Леброн играше за нив и освои титула. Инаку има шпекулации дека Џејмс летово од Лејкерс ќе се врати во Кливленд и таму ќе ја заврши кариерата.

Од мечевите кои се играа рано утрово, вреди да се споменат и 23-те тројки на Голден стејт во победата од 140-124 над Јута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести