Леброн е како виното – како старее, игра сè подобро и за 38-от роденден со почести со 47 поени (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс триумфираа на гостувањето кај Атланта хоукс со 130:121 и тоа благодарение на неверојатниот Леброн Џејмс кој постигна дури 47 поени.
Кралот Џејмс на својот 38 роденден покажа дека е како виното – што е постар, игра се подобро и покрај 47-те поени, имаше и 10 скока, а само една асистенција му недостасуваше да дојде до трипл-дабл.

Тоа што не го направи Џејмс, му појде од рака на главниот кандидат за МВП трофејот, Никола Јокиќ. Србинот во победата на неговиот Денвер од 124:119 над Мајами хит, оствари трипл-дабл од 19 поени, 12 скока и 12 асистенции, а притоа собори и клупски рекорд. Имено, Јокиќ на 26 натпревари по ред шутира над 50 отсто од игра.

Тој на полувремето имаше само по четири поени и скокови и седум асистенции, но во второто полувреме „уфрли во повисока брзин“ и покажа дека е најдобар кога е најпотребно. Но, навивачите на Денвер ги израдува тоа што Џамал Мареј беше човекот на одлука со што покажа дека полека се враќа во вистинската форма.

Мареј постигна седум од своите 14 поени во последните две минути од средбата. Кентавиус Колдвел Поуп беше прв стрелец кај Денвер со 20 портинати поени, додека кај Мајами се истакнаа Тајлер Хироу со 26 и Бам Адебајо со 22 постигнати поени.

Дуелот меѓу Џоел Ембид и Зајон Вилијамсон, го доби постариот, но на победата и се радуваше помладиот. Њу Орлеанс пеликанс славеше со 127:116 над Филаделфија, а одлична партија прикажаа ѕвездите на двата тима. Зајон Вилијамсон постигна 36 поени, додека Ембид даде еден повеќе, но неговите соиграчи немаа решение за Си Џеј Меколум кој уфрли 42 поени.

Резултати: Орландо – Вашинтон 100:119, Атланта – ЛА Лејкерс 121:130, Торонто – Феникс 113:104, Чикаго – Детроит 132:118, Милвоки – Минесота 123:114, Њу Орлеанс – Филаделфија 127:116, Денвер – Мајами 124:119, Голден Стејт – Портланд 118:112, Сакраменто – Јута 126:125.

- Оглас -

Најнови вести