Леброн откри како изгледа логото од „Спејс џем 2“ (фото)

Веќе извесно време е познато дека Леброн Џејмс ќе биде главната ѕвезда покрај Душко Долгоушко во продолжението од „Спејс џејм“, култниот филм од 1996 година во кој главната улога ја имаше легендарниот Мајкл Џордан. Продолжението, или „Спејс џем 2 – Ново наследство“, премиерно ќе се појави на платната во кино салите на 16 јули 2021 година, кога ќе се слави 25-годишнина од првиот филм.

Џејмс откри мал детаљ од филмот, поточно како изгледа новото лого, а на неговата објава на „Инстаграм“ за помалку од 12 часа има безмалку 4 милиони реакции. Покрај Кралот и популарните анимирани ликови од „Луни тунс“, во новиот филм треба да се појават кошаркарски ѕвезди како Демиен Лилард, Ентони Дејвис, Клеј Томпсон, како и неколку познати кошаркарки од ВНБА лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести