Леброн по 11 години повторно заигра со аматери и беше незадржлив (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари насите времиња, Леброн Џејмс, по пауза од 11 години повторно истрча на теренот на меч од Drew league, култно натпреварување во Лос Анџелес на кое професионалците играат заедно со аматери.

Џејмс играше за екипата на Измамници, а со него во екипа беше и ДеМар ДеРозан, а трибините беа исполнети до последно место. Во драматичен финиш, тимот на Леброн победи со 104:102, а противникот промаши шут за триумф.

НБА ѕвездата играше како во своите најдобри денови, па на крајот мечот го заврши со 42 поени и 16 скока и четири украдени топки. ДеРозен додаде 39 поени, што значи дека овие двајца НБА играчи постигнаа 81 од вкупно 104 поени на победничкиот тим.

- Оглас -

Најнови вести