ЛА Лејкерс утринава загуби од Голден стејт вориорс со 128:121 во меч во кој ѕвездата на „езерцата“, Леброн Џејмс постигна 40 поени кои на крајот се покажаа како недоволни.
Ова беше 76-ти натпревар во кариерата на кој Џејмс пстигнува 40 или повеќе поени и сао еден му недостасува да се израмни со Оскар Робертсон и Ален Ајверсон на вечната листа во оваа категорија.
Но, Џејмс е далеку од најдобрите во оваа категорија, тој се наоѓа дури на осмото место.
Листата ја предводи Вилт Чембрлен со 271 натпревар на кој постигнал 40 или повеќе поени на еден меч, а на второто место е за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан со 173 натпревари на кои давал барем 40 поени. На третото место се наоѓа Коби Брајант со 122 вакви натпревари.
На четвртото место е се уште активниот играч, бекот на ЛА Клиперс, Џејмс Харден со 101 натпревар, петти е Елџин Бејлор со 88 меча и Ален Ајверсон и Оскар Робертсон кои имаат по 77 меча, додека осми е Џејмс.